Охрид го демолира Драгунас и е на чекор до осминафинале во ЕХФ Европскиот куп!
Актуелниот освојувач на натпреварувањето доминираше во салата „Билјанини извори“ во Охрид, па првата четвртина му припадна со 13-7, додека во вториот дел го засили ритамот и продолжи да ја зголемува разликата сè до конечни 30-19.
Најефикасни во победничкиот тим беа Доминик Мате и Никола Зечевиќ со по седум голови, додека Паулис запиша пет погодоци за Драгунас.
Реваншот меѓу двете екипи се игра утре со почеток од 18 часот.
Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid