Шок за ПСЖ: Можеби заврши сезоната за уште еден важен фудбалер! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Дезире Дуе заработи тешка повреда на коленото во натпреварот против Ница.

Моментот се случи по голот на водство за 2-1 на младиот фудбалер. Како што изгледа на снимката, Дуе го повреди коленото и не можеше сам да го напушти теренот, па беше изнесен на нсоилки.

Првичните најави се дека станува збор за оштетување на лигаментите што би претставувало долга пауза, сепак засега нема потврда. Претходно оваа сезона таква повреда заработи Кварацхелија за кого сезоната е завршена.