Фаворитите во ВМФЛ без грешка - ја продолжија битката за врвот!

Eкипите кои се фаворити за место во Првата лига денеска ја оправдаа тааа улога и славеа победи во ВМФЛ.

На свој терен Пелистер го пречека Тетекс и без поголеми проблеми ја заврши работата славејќи со 3-1. Победникот во Битола беше решен уште во првото полувреме кога домаќините ги постигнаа трите гола. Стрелци беа Спировски, Ивановски и Пресилски.

Тетекс во финишот преку Гавроски само го ублажи поразот.

Сигурен бвеше и Работнички кој на своој терен запиша триумф од 4-1 со Новаци. Дебармаалци исто така постигнаа три гола во првото полувреме, додека во второто видовме по еден на двете страни.

Победа забележа и Македонија Ѓорче Петров на свој терен со 2-0 на домашен терен, додека лидерот Охрид со 2-1 ја доби Беласица.

На табелата Охрид е прв со 31, исто колку што има и Пелистер, Работнички на третото место има бод помалку. Последниот натпревар од ова коло го играат утре Камјани и Еуромилк.

Останати резултати:

Брера – Кожуф 0-1

Шкупи – Осогово 0-2