Тиквеш го посрамоти Вардар, а Лозари истакнаа голема провокација за Комити! (ФОТО)

Екипата на Тиквеш издоминир на арената во Скопје и славеше победа со 3-0, а и овој натпревар помина без најверните навивачи на Вардар, Комити кои се во бојкот кон управата.

Таквата ситуација гостинските фанови кои во Скопје допатуваа во солидна бројка ја искористија и да испратат провокација.

„Има еден чичко со брада бела, ја купи западна трибина цела“, стоеше на транспарентот.

Овој триумф за „Лозарите“ има посебно значење и поради елиминацијата која ја доживеа клубот на Кавадарци поради административна грешка, иако на теренот во купот го победија Вардар.