Ѓоковиќ направи шоу во Белград: Го зеде микрофонот и запеа голем хит на Џеј! (ВИДЕО)
Ѓоковиќ уживаше во вечерното излегување во српската престолнина, но мирната вечер брзо се претвори во вистинско шоу. Пејачката Маријана Злопаша го забележала Новак меѓу гостите и го поканила да ѝ се придружи на сцената.
Тениската суперѕвезда не се двоумеше долго. Го прифати предизвикот, го зеде микрофонот и заедно со неа испеа хит од Џеј Рамадановски.
Снимката од моментот веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.