Артета потврди две лоши и една добра вест за Арсенал
Артета ги соопшти новостите на денешната прес-конференција пред саботниот натпревар од Премиер лигата против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.
Зубименди се повреди во неделата, на натпреварот во кој Шпанија загуби од Англија со 2-3.
„По натпреварот не беше премногу загрижен, но магнетната резонанца покажа повреда и ќе отсуствува неколку недели“, изјави Артета.
Шпанскиот играч од средниот ред има повреда на задната ложа. Ова е веќе негов трет здравствен проблем сезонава, по повредата на скочниот зглоб и скршеницата на носот. Поради тоа, сè уште го чека првиот старт во Премиер лигата оваа сезона.
Сака се повреди на 21 октомври, на натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (2-2). Артета откри дека англиското крило направило нови прегледи и дека закрепнувањето се одвива одлично. Сепак, ќе му бидат потребни уште околу четири недели, што значи дека вкупно ќе отсуствува приближно осум недели.
Од друга страна, Салиба сè уште нема настап за првиот тим на Арсенал сезонава поради повреда на грбот. Пред репрезентативната пауза одигра едно полувреме за тимот до 21 година против Астон Вила, а потоа настапи и на пријателски натпревар против Вотфорд зад затворени врати.
„Тој е подготвен и во добра состојба“, порача Артета.
Така, францускиот дефанзивец би можел да се најде во составот на Арсенал за гостувањето кај Њукасл