Башкими ја изненади Шкендија (А) и врза три натпревари без пораз!
Натпреварот не понуди премногу возбудувања, a oдолучувачкиот момент се случи во 64. минута кога Мурати го совлада Столевски, тој гол се покажа како доволен за три бода на кумановскиот состав.
Со овие три бода, Башкими ја продолжи добрата форма од пред репрезентативната кога во два натпревари го победи Арсими и ремизираше со Брегалница, па така освои важни бодови во битката за опстанок. Кумановци се осми со 14 бода, исто колку и Брегалница која е прва над опасната зона и во ова коло ќе има тежок предизвик против лидерот Струга.
Шкендија пак остана 18 бода, но сега Силекс има прилика со евентуален позитивен исхуд против тетовската Шкендија да ја прескокне.