Де Брујне може да замине: Наполи ја одреди цената за Белгиецот

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне се очекува наскоро да го напушти италијанскиот гигант Наполи, а интерес за неговиот потпис се појави во Холандија, односно ПСВ Ајндховен.

„Газета дело Спорт“ објави дека ПСЖ веќе го контактирал Наполи за трансфер на белгискиот фудбалер, а екипата од Неапол побарала седум милиони евра за неговиот потпис.

Де Брујне пристигна во Наполи минатото лето како слободен играч, по заминувањето од Манчестер сити, па со евентуален трансфер калчолигашот би можел да заработи солидна сума.

Искусниот фудбалер оваа сезона настапи на 15 натпревари за Наполи, а притоа постигна четири погодоци и две асистенции во сите натпреварувања.