Алкараз ги доби резултатите од прегледите: Познато е дали го напушта завршниот мастерс!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз може да здивне по лекарските прегледи во Торино, откако резултатите од магнетната резонанца покажаа дека нема повреда на задната ложа на левата нога.

Проблемите се појавија на дуелот против Данил Медведев, кога Алкараз почувствува болка во левата нога и побара медицински тајм-аут, а по натпреварот реши дека е најдобро да замине во болница.

Алкараз, сепак, доби дозвола од докторите да продолжи со настапите на завршниот мастерс, каде што веќе обезбеди пласман во полуфиналето, а наскоро ќе го дознае и противникот.

Фото: Facebook/Rolex Paris Masters