Шелтон го совлада Ходар, па сега чека услуга од Зверев!
Ходар пропушти неколку шанси во првиот период од мечот, односно не искористи две брејк топки, а потоа следеше одлична игра од Шелтон и победа од 8-6 во тај-брејкот.
Шелтон беше подобар и во вториот сет, каде што направи брејк на противнички сервис и ја зачува предноста до 7-5.
Американецот остана во игра за полуфинале, но ќе му биде потребна услуга од Александер Зверев, кој треба да го победи Артур Филс или да не загуби со 0-2 во сетови.
Фото: Facebook/Rolex Paris Masters