Струмичани немоќни против Валепа и во реваншот

Одбојкарите на Струмица денеска беа далеку од некакво чудо против Валепа во реваншот од Челинџ Купот.

Струмичани идентично како и во првиот натпревар и сега беа поразени со 3-0 со што го завршија настапот во ова натпреварување.

Најрамноправна борба македонскиот претставник денеска пред домашните гледачи водеше во првиот сет кој го загуби со 25-23.

Во вториот сет Валепа беше подобра со пет поени разлика (25-20), додека во последниот следеше најголема доминација на гостите кои со 25-16 го потврдија триумфот и се пласираа во следната рунда.