Цицмиловиќ по само еден месец си замина од Беласица
Пристигна Цицмиловиќ на местото на Мартин Алаѓозовски, а клубот попладнево информираше дека заминува поради лични причини.
„Раде Цицмиловиќ си поднесе отставка до управниот одбор на ФК Беласица АД. Цицмиловиќ се повлекува поради лични причини. Голема благодарност до Цицмиловиќ! ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Раде Цицмиловиќ за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб.Му посакуваме многу среќа, здравје и успеси во понатамошната кариера“, објави струмичкиот клуб.
Покрај Беласица Цицмиловиќ во македонскиот фудбал работеше во Тиквеш и Воска Спорт.