Пелистер мора да освои бод(ови) против германскиот гигант ако сака да преживее во Европа!
За да ги задржат реалните шанси за пласман во елиминациската фаза од натпреварувањето, пелистерци се наоѓаат пред императив да освојат најмалку еден бод од овој исклучително тежок дуел. Досегашниот единствен бод на контото на битолскиот тим беше освоен на гостувањето кај полскиот претставник Гдањск.
Во пресрет на вечерашното коло, лидер во групата е токму Гумерсбах со четири освоени бода, идентично колку што има и второпласираниот Гдањск. На третата позиција се наоѓа шпанска Ла Риоха со три бода, додека Пелистер е последен со еден бод. Пласман во следната рунда ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.