Големите гради ѝ пречеа додека играше одбојка, ама сега ѝ носат – многу пари (ФОТО)
Иако најчесто споделува атрактивни фотографии и видеа од нејзините тренинзи, овојпат таа им прикажа на следбениците еден поопуштен дел од нејзиниот приватен живот, вклучувајќи ја и грижата за домашните миленици. Симонс својата одбојкарска кариера ја започна во родниот Гејнсвил во Флорида, каде што три години беше капитен на средношколската екипа и во 2012 година го доби престижното признание „Ол американ“. Нејзиниот спортски потенцијал беше забележан и на национално ниво, па веќе следната година стана дел од американската јуниорска репрезентација. Во периодот од 2014 до 2017 година, таа настапуваше за универзитетот Маршал на позицијата техничар, каде што бележеше и забележителни академски успеси.
По завршувањето на спортската кариера на универзитетот, Американката целосно им се посвети на социјалните мрежи и градењето кариера како инфлуенсерка. Денес, нејзиниот профил на Инстаграм брои околу еден милион следбеници, а истовремено е активна и на платформата „Онлифанс“, каде што пласира еротска содржина за своите обожаватели.
Светските медиуми многу често навраќаат на нејзината искрена изјава дадена за време на едно видео-интервју на Јутјуб, кога беше запрашана дали бујните облини ѝ претставувале проблем во спортот.
„Смешно е, бидејќи во основно училиште навистина посакував да имам мали гради. Тоа многу ќе ми го олеснеше играњето одбојка, но таа желба не ми се оствари. Не можеш да скокаш толку високо, не можеш да трчаш толку брзо и сè е значително потешко“, призна Симонс, зборувајќи за физичките предизвици со кои се соочувала на одбојкарскиот терен.