Крај на една ера: Адидас по 26 години веќе нема да прави топки за ЛШ!
Од почетокот на сезоната 2027/28, во Лигата на шампионите и останатите натпреварувања под капата на УЕФА ќе се игра со топки произведени од американскиот гигант Најк.
Договорот со новиот производител ќе важи до 2031 година, со што ќе биде отворено ново поглавје во историјата на европскиот фудбал.
Интересно е што токму Најк ги произведуваше топките за Лигата на шампионите пред 2001 година, односно пред Адидас да го претстави својот препознатлив модел со ѕвезди, кој стана еден од симболите на најелитното европско натпреварување.
Адидас и овојпат беше во трка за продолжување на соработката со УЕФА, а кандидат беше и компанијата Кипста. Сепак, на крајот беше прифатена понудата на Најк, кој по повеќе од две децении повторно ќе ги обезбедува официјалните топки за европските натпреварувања.