Данска ја декласира Португалија во првиот меч по повлекувањето на Роналдо!
Домашниот тим имаше очаен почеток на натпреварот, а Данска беше поконкретна во нападите и конечно до водство стигна од пенал преку Хојбјерг во 43. минута.
Данска приреди дополнителен шок за Португалија на стартот на вториот дел, кога Хојлунд постигна два погодоци и донесе предност од 3-0 за гостите.
Португалија се обидуваше да постигна гол, но екипата не беше расположена во нападот, а казната стигна преку Андерсен во 75. минута (4-0). Домаќинот, сепак успеа да постигне почесен погодок во 93. минута преку Силва.
По пет одиграни меча, Португалија е лидер во групата со 12 бодови, додека Данска има девет поени.
Шведска и БиХ одиграа возбудлив дуел со две сосема различни полувремиња. Домаќинот во првиот дел беше незапирлив и постигна три гола преку Свенсон и Ѓокереш (два погодоци).
БиХ се разбуди во вториот дел и стрелаше преку Гиговиќ и Колашинац, но немаше сила за трет погодок.
Шведска е лидер со 13 бодови, додека БиХ следи со пет поени помалку на табелата.
Останати резултати:
Австрија – Ирска 1-0
Романија – Полска 2-1
Северна Ирска – Полска 1-0
Фото: Facebook/Seleções de Portugal