Србите се во тешка криза, срушија негативен рекорд стар речиси еден век!

Фудбалската репрезентација на Србија продолжи со очајната серија резултати, откако на вчера домашен терен загуби од Германија со 3-1.

Избраниците на Јирген Клоп лесно ја завршија работата на стадионот „Рајко Митиќ“, нанесувајќи им го на Србите седмиот последователен пораз.

Пред Германците, Србија беше поразена и од Холандија во два наврати (2-1, 2-1), Германија (2-0), Грција (2-1), Мексико (5-1) и Зеленортските Острови (3-0).

Последната победа на избраниците на Вељко Пауновиќ датира од 31 март, кога во Бачка Топола ја совладаа Саудиска Арабија со 2-1.

Ваква негативна серија српската репрезентација немала уште од мај 1932 година, кога забележала шест порази во низа во период од речиси осум месеци. Сега, по повеќе од девет децении, повторно се соочува со историски негативен рекорд.