Каков прием: Роналдињо покажа дека сè уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се подготвува за сензационално враќање на професионалниот фудбал по пауза од 11 години.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ ќе настапи за италијанскиот третолигаш Равена на неделниот првенствен натпревар против Форли.

Бразилецот вчера пристигна во Италија, а денеска го одработи првиот тренинг со новите соиграчи. Интересно е што тоа ќе биде и негов единствен заеднички тренинг со екипата пред натпреварот.

Роналдињо на социјалните мрежи објави видео од тренингот, со кое го најави своето враќање, а во свој стил се пошегува со следбениците:

„Ќе кажат дека ова е вештачка интелигенција, хахаха. Тука сум, Равена“, напиша Бразилецот.

Според најавата на тренерот Андреа Мандорлини легендарниот фудбалер би требало да добие околу половина час игра.

Натпреварот Равена – Форли е закажан за утре со почеток од 17:30 часот на стадионот „Бруно Бенели“.