Минимален пораз за фудбалерите до 19 години од Швајцарија
Селекцијата предводена од Димитар Капинковски по ремито без голови против Северна Ирска на отворањето, денеска загуби од Швајцарија со 1-0.
Единствениот гол Швајцарија која ја имаше фаворитската улога го постигна по нешто повеќе од половина час игра преку Јанис Одим.
Во последното коло нашата репрезентација ќе ја бара првата победа против Малта која е последна и единствена со два порази.