Условот се исполни: Надежите до 17 години обезбедија втора фаза во битката за ЕП!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години која денес претходно го победи Сан Марино се избори за втората фаза од квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Условот за пласман на избраниците на Иљами Исејни беше Турција да ја победи Унгарија, а тоа се исполни со триумф на Турците со 4-0.

Така ние заедно со Турција продолжуваме во следната фаза, а во последното коло за три дена ќе играме натпревар за првата позиција во групата.

Македонија пред триумфот против Сан Марино, ќе потсетиме беше подобра од Унгарија со 3-2 во натпревар во кој губевме со 2-0 на паузата, па направивме пресврт.