Шортс ја водеше Валенсија до осми триумф во Евролигата (ВИДЕО)
Валенсија го диктираше темпото уште на стартот на натпреварот и ја доби првата четвртина со 29-19, додека до полувреме предноста се зголеми на 52-41.
Баерн на стартот на второто полувреме намали на пет поени негатива (57-62), но потоа Валенсија додаде гас и успеа да стигне до победа од 102-87.
Шортс го заврши натпреварот со 14 поени, еден скок и 10 асистенции, додека Андреас Обст постигна 22 поени, еден скок и пет асистенции за Баерн.
Останати резултати:
Макаби Тел Авив – Хапоел Тел Авив 80-73
Олимпијакос – Дубаи 101-72
Милано – Жалгирис 83-86
Реал Мадрид - Црвена Звезда 105-84
Фото: facebook/Valencia Basket Club