Неочекуван пресврт: Зидан грмна, Мбапе се најде на списокот за Италија

Килијан Мбапе се најде на списокот на француската репрезентација за дуелот со Италија во Лигата на нации иако неговиот настап во Милано останува под знак прашалник поради физички проблеми.

Напаѓачот на Реал Мадрид се врати во националниот тим по паузата предизвикана од повредата на коленото, која ја заработи на септемврискиот натпревар против Турција. Мбапе тогаш го постигна победничкиот гол, но мораше да го напушти теренот, по што ги пропушти следните три натпревари на Франција.

Селекторот Зинедин Зидан повторно сметаше на капитенот за ноемврискиот циклус, но ситуацијата се искомплицира откако Мбапе почувствувал нова непријатност. Според француските медиуми, напаѓачот имал проблем со задната ложа и го пропуштил еден од тренинзите пред дуелот со Италија.

Затоа Франција мораше да размислува и за алтернативни решенија во нападот, а дополнителен проблем претставуваат и отсуствата на неколку стандардни репрезентативци. Француските медиуми објавија дека имало и вербален дуел меѓу селекторот Зидан и Мбапе по што фудбалерот на Реал донел одлука, сепак, да се најде вечерва во тимот. Веројатно тој нема да биде во стартниот состав, но ќе чека од клупата и не е исклучено да влезе во игра во некоја фаза од натпреварот.

Дуелот меѓу Италија и Франција се игра вечерва на „Сан Сиро“ во Милано, со почеток во 20:45 часот. Станува збор за директен дуел на водечките две селекции во групата А1. Французите се први со 10 бода, додека Италијанците имаат седум.