Ендрик од верски причини не сака во Милан
Фудбалерот на Реал Мадрид на почетокот на оваа сезона се врати во шпанскиот гигант по позајмицата во Лион, но засега добива мала минутажа. Поради ограничената улога во тимот, се разгледува можноста за нова позајмица во зимскиот преоден рок, а како една од најсериозните опции се споменува италијанската Рома.
Според „Кориере дело Спорт“, Милан исто така покажал интерес за младиот Бразилец, но неговиот ангажман во моментов не изгледа реален. Наводната причина е прекарот на миланскиот клуб – „Ил Диаволо“, што во превод значи „Ѓавол“. Ендрик е христијанин и, според италијанскиот весник, претпочита да избере клуб чие име или прекар не е поврзан со ѓаволот. Бразилецот е дел и од христијанската заедница „Атлетас де Кристо“ (Христови спортисти), па верските убедувања наводно имаат влијание врз неговиот избор на следната средина.
Рома во моментов се споменува како една од најсериозните опции за негов ангажман. Римскиот клуб е заинтересиран за позајмица во јануари, а се верува дека Ендрик би можел да добие поголема можност за настапи и да ја продолжи својата фудбалска афирмација. Јасно е дека Ендрик сака поголема минутажа и редовни настапи, а зимскиот преоден рок би можел да донесе ново поглавје во неговата кариера.