Хари Кејн денеска против Хрватска ќе стане апсолутен рекордер на англиската репрезентација
Напаѓачот на Баерн Минхен ќе стане фудбалер со најмногу настапи за англиската репрезентација. Кејн моментално го дели првото место на вечната листа со поранешниот голман Питер Шилтон. Двајцата имаат по 125 настапи во дресот на Англија, но доколку настапи против Хрватска, Кејн самостојно ќе го преземе врвот на оваа листа.
„Дефинитивно, ова ќе биде едно од најголемите достигнувања во мојата кариера. Тоа ја покажува доследноста на највисоко ниво, а бројката на настапи зборува за посветеноста“, изјави Кејн.
Капитенот на Англија дебитираше за националниот тим на 27 март 2015 година, на квалификацискиот натпревар против Литванија за Европското првенство во 2016 година. Тогаш влезе во игра во второто полувреме на местото на Вејн Руни, а само 79 секунди подоцна го постигна својот прв репрезентативен гол. Од тогаш до денес, Кејн постигна 91 гол за Англија и убедливо е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. На второто место се наоѓа Вејн Руни со 53 погодоци.
Ова значи дека Кејн од денеска ќе биде апсолутен рекордер на англиската репрезентрација бидејќи ќе биде прв и по бројот на настапи и по бројот на постигнати голови Англискиот селектор Томас Тухел потврди дека Кејн ќе биде во стартниот состав и ќе ја предводи репрезентацијата како капитен. Пред почетокот на натпреварот, напаѓачот ќе ја претстави и Златната топка пред англиските навивачи. Рекордот на Шилтон важеше од 1990 година што значи дека Кејн ќе собори достигнување старо 36 години.