Суперкомпјутерот пресече: Хет-трик на Барселона
Според моделот на „Статс Перформ“, каталонскиот гигант има дури 64,76 проценти шанси да ја заврши сезоната на првото место, со проектирани 89 освоени бодови. Реал Мадрид е втор фаворит со 31,52 проценти и очекувани 85 бодови. Атлетико Мадрид има само 3,46 проценти можности за титулата, додека шансите на Бетис се проценети на минимални 0,24 проценти.
Овие четири екипи, според прогнозата, ќе ги заземат местата што водат во Лигата на шампионите. Реал Сосиедад би завршил петти и би обезбедил настап во Лигата на Европа иако има шанси и овој тим да игра во ЛШ, ако Шпанциге повторно добијат петти претставник во елитното натпреварување,
Интересни се и предвидувањата за средниот и долниот дел од табелата. Рајо Ваљекано би бил едно од најпријатните изненадувања, со скок од 14. на деветтата позиција. Леванте, пак, би напредувал од 17. на 13. место. На спротивната страна, Хетафе го очекува голем пад – од моменталната 15. позиција до претпоследното место.
Најнепријатното сценарио според компјутерската пресметка ги очекува Осасуна, Хетафе и Малага, кои би испаднале од елитното друштво. Особено драматична би била борбата за опстанок меѓу Осасуна и Еспањол. На каталонскиот тим му се предвидуваат 41,93 бодови, само 0,04 повеќе од Осасуна. Изненадување е и прогнозата за Елче и Валенсија. Иако моментално се наоѓаат во опасната зона, двата тима според моделот би успеале да се спасат и сезоната да ја завршат со по 42 бода.