Премиер лигата пресуди: Ливерпул бил оштетен за пенал против Арсенал! (ВИДЕО)

Судиската комисија во Премиер лигата потврди дека Ливерпул требало да добие пенал на дуелот со Арсенал, кој го загуби со минимални 0-1. Спорната ситуација се случи во првото полувреме, кога Џуриен Тимбер го повлече Александер Исак за дресот во противничкиот шеснаесетник.

Моментот се случи во 21. минута на „Енфилд“, кога Исак се обиде да стигне до топката по центаршутот на Бредли Баркола. Иако напаѓачот не успеа да реагира навреме, снимките јасно покажаа дека дефанзивецот на Арсенал го задржува за дресот. Судијата Енди Медли не досуди најстрога казна, а ВАР-судијата Стјуарт Атвел одлучи да не го повика на дополнителна проверка.

Но, по анализата на ситуацијата, комисијата за клучни судиски одлуки (КМИ) утврди дека Ливерпул бил оштетен. Четворица од петте членови сметале дека требало да биде досуден пенал, додека тројца од нив биле на мислење дека и ВАР морал да интервенира и да му овозможи на главниот арбитар да ја прегледа снимката.

Во моментот на спорниот дуел Арсенал веќе водеше со 1-0 по погодокот на Каи Хаверц, резултат кој остана актуелен до последниот судиски свиреж. Дел од комисијата сметал дека не може со сигурност да се процени колку повлекувањето влијаело врз Исак, но мнозинството оценило дека судиите направиле јасна и очигледна грешка.