Мектоминеј го шокирале на два дена пред Мундијалот: Ми кажаа дека морам на операција на срцето!
Фудбалерот на Наполи во Манчестер бил подложен на кардиолошка аблација, минимално инвазивна процедура која се применува за регулирање на неправилниот срцев ритам. Интервенцијата била извршена само два дена пред натпреварот на Шкотска против Хаити.
Мектоминеј откри дека за време на процедурата бил под целосна анестезија и дека лекарите морале да применат електричен шок за да го нормализираат срцевиот ритам.
„Мораа да ми го шокираат срцето. Тоа се случи два дена пред натпреварот со Хаити. Бев во одлична форма и одеднаш се случи нешто такво, па само се прашуваш – што ми се случува? Но, мораш да ја прифатиш ситуацијата, такви карти ти се поделени. Понекогаш работите едноставно не одат во твоја полза“, раскажа Шкотланѓанецот.
Тој призна дека ситуацијата била особено непријатна со оглед на тоа што Светското првенство било пред самиот почеток.
„Бев 100 проценти подготвен, но кога ќе се најдеш во болнички кревет два дена пред почетокот на Светското првенство и знаеш дека треба да те успијат – тоа воопшто не е идеално“, додаде Мектоминеј.
Поради здравствените проблеми ги пропушти репрезентативните собири во септември и октомври, но сега уверува дека се чувствува добро и е во комбинација за настап во петок кога Македонија ќе ѝ гостува на Шкотска во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Нации.