Глејзери го продаваат Јунајтед за речиси шест милијарди евра?!
Ова го откри финансискиот експерт Стефан Борсон во гостувањето на „talkSPORT“, повикувајќи се на информации добиени од високо позициониран извор во фудбалските кругови.
„Според информациите што ги добив од високо позиционирана личност во фудбалот, клубот е на продажба и процесот веќе е во тек“, изјави Борсон.
Според неговите тврдења, бараниот износ се базира на последната процена на вредноста на англискиот гигант, а дополнително и водителот Џим Вајт потврди дека во „talkSPORT“ располагаат со информации дека Глејзери се подготвени да разгледаат понуди.
Наводно, семејството овојпат сака процесот да се одвива без големо внимание од јавноста, особено поради неуспешниот обид за продажба во минатото. Во меѓувреме, англиските медиуми шпекулираат дека интерес за преземање на клубот постои и од Блискиот Исток.