Мурињо е загрижен, остана само со петмина фудбалери во тренинг-кампот
Како што пишува шпански „Окдијарио“, Мурињо стравува дека репрезентативната пауза би можела да го наруши најдобриот период на неговиот тим во досега во сезоната. Реал е во серија од осум последователни победи, а последната ја оствари на гостувањето кај Валенсија, каде што славеше со убедлив резултат.
По тој натпревар, Мурињо јавно призна дека е загрижен за состојбата на своите фудбалери додека се надвор од клупските обврски.
„Загрижен сум поради репрезентативната пауза. На овие момци им е потребно многу внимание во процесот на опоравување. Да видиме дали ќе имаме среќа“, изјави португалскиот тренер.
Најголем проблем за Мурињо се долгите патувања, особено за јужноамериканските репрезентативци, како и големата минутажа во густиот натпреварувачки распоред.
Реал пред паузата одигра три последователни гостувања, против Расинг Сантандер, АЕК во Атина и Валенсија.
По враќањето на клупските обврски, „кралевите“ ги очекува продолжение на битката за врвот во Ла Лига, а Мурињо се надева дека сите репрезентативци ќе му се вратат здрави и подготвени за новите предизвици.