Натпревар во Англија се одигра во неверојатна магла - теренот речиси и да не се гледаше! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Алтринчем и Нотс Каунти го одбележа несекојдневна сцена, откако густата магла речиси целосно го покри теренот и го оневозможи следењето на пенал-серијата.

Дуелот од првото коло на ФА Купот заврши 2-2 по продолженијата, а третолигашот Нотс Каунти се пласираше во следната рунда по победата од 3-2 на пенали.

Маглата почна да се спушта уште во второто полувреме, па во продолженијата ситуацијата стана речиси неверојатна. Гледачите од одредени делови на трибините едвај можеа да го видат голот, но проблеми имале и телевизиските коментатори.

Најдобра илустрација за тоа беше реакцијата на коментаторот на ТНТ Спортс, Адам Самертон, кој по првиот пенал на Макс Сандерс помисли дека фудбалерот на Нотс Каунти промашил.