Хаџиевски пред враќање во Бугарија, треба да го замени Љубо Пенев

Ѓоко Хаџиевски е главен фаворит за нов тренер на Локомотив Софија, откако бугарскиот клуб се раздели со досегашниот стратег Љубослав Пенев.

Според информациите на бугарските медиуми, искусниот македонски тренер треба да пристигне во Софија на завршни разговори со раководството на клубот. Доколку преговорите поминат успешно, Хаџиевски ќе го преземе тимот и ќе се врати на тренерската работа во бугарскиот фудбал.

Хаџиевски е добро познато име во Бугарија, каде што претходно работеше во ЦСКА Софија, Вихрен и Спартак Варна. Неговото искуство и познавањето на тамошниот фудбал се меѓу главните причини поради кои раководството на Локомотив Софија се насочило кон македонскиот стратег.

И покрај тоа што има 71 година, поранешниот селектор на македонската репрезентација не планира да ја заврши својата тренерска кариера и би можел да се врати во бугарскиот фудбал.