МЗТ го чека пекол: Прво дербито со Работнички, па 46 часа подоцна меч во Естонија!

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го чека вистински пекол во следните денови, односно по мечот со Ираклис му следи вечното дерби со Работнички, а 46 часа подоцна и дуел против Тарту во Естонија.

МЗТ Скопје ќе игра против Ираклис во Солун во средата, по што се враќа во Скопје каде што ќе се подготвува за дербито против Работнички в понеделник од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

По вечното дерби, екипата од Аеродром нема да има многу време за одмор зашто следното утро заминува за Естонија, каде што в среда од 17 часот ќе се судри против Тарту.

По густиот распоред ќе следи и малку одмор за дел од кошаркарите бидејќи ќе има двонеделна пауза поради репрезентативните обврски.