Малески најави борба со Шкотска и Словенија: Сакаме конечно да постигнеме гол и да победиме!
Христијан Малески пред натпреварите кажа дека во натпреварите ќе се обидат да дадат максимум, иако играат против тешки ривали, од кои веќе беа поразени.
„Се надевам дека ќе ни олесни целата ситуација и ќе влеземе добро во натпреварите. Двата ќе бидат тешки натпревари, се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Без разлика кој ќе игра на теренот, ќе даде максимум. Треба да се обидеме да ги добиеме натпреварите. Искрено се надевам дека ќе бидеме подобри од претходно и на крај ќе го постигнеме тој гол и ќе победиме“, посочи Малески.
Македонија најпрво ѝ гостува на Шкотска на 13 ноември од 20.45 часот, а три дена подоцна ја пречека Словенија.