Се тресе клупата на Манчестер Јунајтед: Керик никогаш не бил поблиску до отказ!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека во клубот во последните 24 часа биле одржани состаноци на кои се разгледувале различни сценарија, вклучувајќи ја и можноста за промена на тренерот уште оваа недела.
Засега, Манчестер Јунајтед не ги информирал фудбалерите за евентуалните промени, а наводно ниту Керик ниту членовите на неговиот стручен штаб не добиле официјално известување.
Останува да се види дали раководството ќе се одлучи да му даде отказ на актуелниот стратег на тимот.
Фото: Manchester United /Facebook