По Миовски, уште двајца играчи на Ренџерс добија „корпа“ од своите репрезентации!

Решпрезентативната пауза носи непријатни вести и за двајца фудбалери на Ренџерс. По Бојан Миовски, и Мин-Су Ким и Емануел Фернандез останаа без повик во националниот тим.

Без повик остана и Мин-Су Ким, откако селекторот на Јужна Кореја реши да не му даде шанса во националниот состав.

Левото крило на шкотскиот гигант оваа сезона настапи на 14 натпревари, а притоа не запиша ниту гол, ниту асистенција.

Фернандез беше изоставен од селекторот Ерик Шел за двата квалификациски дуела за Африканскиот куп на нации, иако минатиот месец го забележа својот четврти настап за нигериската репрезентација.

Дефанзивецот сезонава има 20 настапи за Ренџерс, но неговите игри беа предмет на критики од медиумите и навивачите.

Фото: Facebook/Rangers FC