Неочекуван исход по 30 минути: Македонија на -7 во Грција
Нашиот тим доживеа голем пад во втората половина од полувремето и од 4-5 во 13. минута, дозволи противникот да отиде на предност од седум гола. Највисокото водство на Грците изнесуваше осум разлика (7-15), но во последните моменти, македонската репрезентација избегна да го израмни или собори неславниот рекорд кој изнесува осум постигнати голови во едно полувреме.
Безмалку половина од головите (четири) постигна Филип Кузмановски, а покрај него се истакна и Александар Петковски со три.