Бањаја се јави по страшниот пад во Катар: Ќе се вратам наскоро! (ВИДЕО)

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја имаше тежок пад на спринт-трката во Катар, по што беше пренесен во болница од каде што испрати порака до своите фанови.

Возачот на Дукати се здоби со две скршеници на десното стапало, а поради повредите нема да вози на трката за Големата награда на Катар и се очекува да замине во Италија на операција.

„Ќе се вратам наскоро. Чудно е да го кажам ова, но Катар беше еден од најдобрите викенди во сезоната за мене. За жал, понекогаш, колку и да се трудите да ги промените работите, едноставно не оди како што посакувате. Сакам да ги задржам позитивните работи од овој викенд, бидејќи предолго бевме фрустрирани. Ви благодарам на сите за пораките. Добро сум“, објави Бањаја.