Фаворитите без грешка: Нови триумфи за Дортмунд, Баерн и Лајпциг!
По првото полувреме во кое немаше голови, Дортмунд го отвори резултатот во 55. минута преку Феликс Нмеча во 55. минута, а истиот фудбалер повторно се запиша во листата на стрелци само 16 минути подоцна. Елверсберг во завршницата од дуелот успеа да погоди преку Ноел Футке и намали на 1-2.
Баерн Минхен постигна по еден гол во двете полувремиња против Мајнц за победа од 2-1. Најпрво стрелаше Џошуа Кимих, а потоа Ленарт Карл. Домаќините погодија преку Ли Џае-Сунг, но голот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата. Сепак, вториот им беше признаен на Филип Тиц во судиското надополнување.
Лајпциг тргна лошо против Аугсбург и прими гол на самиот старт од Антон Каде, но потоа домаќинот стрелаше три пати за целосен пресврт. Во листата на стрелци се запишаа Банзузи, Нкунку и Раум. Домашниот тим погоди уште два пати во вториот дел преку Ромуло и Баумгартнер, додека гостите стрелаа преку Огунду.
На последниот меч кој се играше во истиот термин, Падербон ремизира против Ајнтрахт Франкфурт (2-2).
Фото: Facebook/FC Bayern München