Несторовски со два гола ја реши Горица и донесе три бода за Славен Белупо!

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски беше меѓу најзаслужните за победата на Славен Белупо, откако постигна два гола во гостинскиот триумф од 5-3 против Горица во 13. коло од хрватското првенство.

Несторовски го отвори резултатот во 17. минута и донесе водство за Славен Белупо од 1-0, но потоа Горица со погодоци на Периќ и Врзиќ стигна до целосен пресврт (2-1).

Двете екипи продолжија со погодоци во првиот дел, па Славен Белупо со голови на Митровиќ и Бановец стигна до пресврт (3-2) до 41. минута од средбата. Сепак, домаќините преку Стевановиќ израмнија на 3-3 пред крајот на полувремето.

Несторовски од пенал во 65. минута го врати водството на Славен Белупо, а потоа гостите со уште еден погодок во завршницата ја обезбедија победата.

Македонецот во досегашниот дел од сезоната постигна девет голови и две асистенции.

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo