Вардар ги освои бодовите во Кратово, Закариќ го урна Силекс

И второто денешно дерби во ПМФЛ беше одлучено со само еден гол, а во него се радуваше шампионот Вардар кој ги освои бодовите во Кратово против Силекс славејќи со 1-0.

Натпреварот започна со мирна игра и без многу шанси, па така првите 45 минути мрежите мируваа.

Одлучувачкиот момент дојде веднаш на стартот од вториот дел. Искусниот Горан Закариќ на асистенција на капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ ја погоди мрежата на кратовчани. Силекс до крајот на дуелот создаде неколку шанси, меѓутоа не успеа ниту да израмни.

Најголемата прилика за домашниот состав ја пропушти Богданоски кога по продорот на Манојлов доби топка во шеснаесетникот, шутираше силно, но Талески го одбрани неговиот удар.

Мрежата на Вардар се тресеше двапати, по еднаш во првиот и вториот дел, но и двата погодоци беа поништени поради недозволена позиција.

Вардар со ови три бода на четвртата позиција има ист број на бодови со Тиквеш, по 24, Шкендија е втора со 27, а Струга е на лидер со два повеќе. Силекс пак е петти со 17 освоени бодови по 13 кола.