Малески го реши дербито за врвот, Струга е нов лидер! (ВИДЕО)
Стружани и трите бода против тетовци на свој терен им се реваншираа за поразот во првиот натпревар сезонава, но истовремено и го преземаа врвот на табелата.
Првите возбудувања се случија уште во третата минута кога судијата Стојанче Трпчевски покажа на белата точка за Шкендија, но по повикот од ВАР ја промени одлуката.
Продолжението од првиот дел донесе поголема иницијатива на гостинските фудбалери, Шкендија имаше повеќе посед и се играше повеќе пред голот на Струга. Сепак, на пауза се замина со почетниот резултат.
Слична беше ситуацијата и во вториот дел дел, а Струга ја искористи својата шанса преку својот најдобар стрелец. Репрезентативецот Малески на најдобар начин го искористи нафртлувањето на 20-тина минути пред крајот и го совлада Гаје. Тоа беше и првиот и единствен удар во рамките од голот на домашниот состав.
Во продолжение пред самиот крај видовме уште една реакција на ВАР и повторно на штета на Шкендија. Трпчевски одново покажа на белата точка, меѓутоа по прегледувањето на ВАР снимката го поништи и овој пенал на тетовци.
На табелата сега Струга ќе биде нов лидер по 13 кола со 29 бода, Шкендија е втора со 27.