Шок за Јунајтед: Големото летно засилување се повреди против Рома, го чека долга пауза!

Фудбалерот за врска на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба, е пред нова повеќенеделна пауза, откако се повреди на натпреварот против италијанска Рома (3-2) од Лигата на шампионите.

Тој ќе отсуствува повеќе од еден месец и ќе пропушти најмалку четири натпревари на својот тим. Балеба поради оваа повреда нема да биде во комбинација за претстојниот викенд-дуел против Астон Вила, а ќе ги пропушти и важните гостувања кај Ливерпул, Спортинг Лисабон и Њукасл. По репрезентативната пауза, играчот за врска нема да настапи ниту на домашниот натпревар против екипата на Брентфорд. Во најдобро сценарио, медицинскиот тим очекува тој да биде целосно подготвен за враќање на теренот на 5 декември, за кога е закажан дуелот против Ковентри.

За Балеба ова претставува втор посериозен проблем од почетокот на сезоната, бидејќи веќе беше повреден, поради што своето деби го забележа дури на почетокот на октомври и досега успеа да запише само седум настапи во сите натпреварувања. Неговото отсуство дополнително ги комплицира работите во стручниот штаб на „црвените ѓаволи“, со оглед на фактот дека надвор од стројот поради повреди и понатаму остануваат Бенџамин Шешко, Лук Шо и Маркус Рашфорд.