Проектил на Кике Перез: Венеција ја доби битката на дното со Удинезе (ВИДЕО)
Сите три голови беа постигнати во второто полувреме од натпреварот, и тоа во период од 12 минути.
Сè почна со погодокот на Башиќ во 53. минута за водство на Венеција, по што Морено со автогол донесе израмнување. Меѓутоа, Перез во 65. минута со проектил ја затресе мрежата на гостите и донесе триумф за домаќините.
Венеција е претпоследна на табелата со шест бодови, додека Удинезе е на дното со пет поени.
Фото: Facebook/Venezia FC