Драма во Катар: Маркез славеше на спринтот, а Бањаја имаше страшен пад! (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез славеше на спринт-трката во Катар, но борбата на патеката ја засени тешкиот пад на Франческо Бањаја.

Италијанскиот возач беше свесен по падот, но поради силниот удар беше изнесен од патеката на носилки и пренесен во медицинскиот центар на процена. Алдегер доби казна од две долги круга.

По прекинот, трката продолжи, а Маркез успеа да ја задржи предноста и да стигне до победата. Ди Џанантонио заврши на втората позиција, додека Мартин го освои третото место.

Маркез има 411 бодови на првата позиција, по што следи Мартин со 362 поени и Бецеки со 332 бода.