Партизан го прегази Макаби и им се врати на победите во Евролигата
Првата четвртина понуди возбудлива кошарка и водство на „црно-белите“ од 28-23, по што Партизан додаде гас и на полувреме замина со 50-35.
Доминацијата на српскиот гигант продолжи и во второто полувреме, а со тоа растеше и предноста против Макаби до конечни 88-67.
Итан Томпсон постигна 16 поени, четири скокови и четири асистенции за Партизан, а Ламар Стивенс додаде 14 поени.
Останати резултати:
Бешикташ – Жалгирис Каунас 67-83
Виртус Болоња – Дубаи 75-93
Фото: Facebook/KK Partizan