Црвена Звезда го нокаутира европскиот шампион во Атина

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа против шампионот Олимпијакос со 62-57 во 10. коло од Евролигата.

„Црвено-белите“ го отворија мечот со 19-11, по што доминацијата на српскиот гигант продолжи и во наредната четвртина, со што гостинскиот тим стигна до 40-22 на полувреме.

Олимпијакос заигра подобро во вториот дел и почна да ја топи негативата, но не успеа да направи пресврт и на крајот загуби со 57-62.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џордан Нвора со 18 поени, 13 скокови и две асистенции, додека Александар Везенков запиша 27 поени и шест скокови за Олимпијакос.

Фото: Facebook/KK Crvena zvezda