Јунајтед се подготвува за нов менаџер - доаѓа Дешан!?

Манчестер Јунајтед веќе започнал да ги разгледува можните решенија за тренерската позиција, а меѓу имињата со кои стапил во контакт е и поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан.

Според информациите на француските медиуми, раководството на англискиот гигант го контактирало искусниот стратег за да ја испита неговата подготвеност да го преземе тимот доколку дојде до разделба со актуелниот тренер Мајкл Керик.

Дешан е без ангажман по заминувањето од селекцијата на Франција по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, со што заврши неговиот 14-годишен период на селекторската функција. Иако не ја исклучува можноста за враќање на клупскиот фудбал, Французинот во моментов не брза со изборот на нов предизвик. Наводно, тој не е премногу заинтересиран за преземање на Манчестер Јунајтед поради актуелната нестабилност во клубот, незадоволството на навивачите од раководството, како и проблемите со трансфер политиката и создавањето конкурентен состав.

Покрај Дешан, челниците на „црвените ѓаволи“ контактирале и со други познати тренерски имиња. Меѓу нив се Јулијан Нагелсман и Унаи Емери. Сепак, ангажманот на шпанскиот стратег изгледа тешко остварлив, бидејќи тој има договор со Астон Вила до летото 2029 година и ужива голема доверба во клубот. Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има намера, доколку се одлучи за промена, да назначи постојан тренер, наместо повторно да се определи за привремено решение до крајот на сезоната. Иднината на Керик останува неизвесна, а евентуалното заминување би значело трета тренерска промена на „Олд Трафорд“ во последните три сезони.

Победата над Рома во Лигата на шампионите донесе одредено олеснување, но не ги отстрани сите дилеми околу неговата позиција. Дешан, од друга страна, нема намера да брза со следниот чекор во кариерата. Французинот е подготвен да ги разгледа понудите што ќе пристигнат, но постои можност да почека до следното лето пред да прифати нов ангажман.