Сестрата на Роналдо со емотивна порака: Пред светот да ти се восхитува, беше мое мало момче!

Катја Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо објави емотивна порака откако Португалецот реши да се повлече од неговата репрезентација.

Авеиро објави стара фотографија, а притоа посочи дека е горда на тоа што го дал за татковината.

„Денес фудбалскиот свет се збогува од тебе во репрезентацијата на Португалија. Како твоја сестра, сакам да се вратам назад и да почувствувам гордост која не се опишува со зборови. Ги знам битките кои ги водеше, што ѝ даде на нашата земја и каков извонреден пат помина. Го промени текот на својата судбина и ја зема Португалија со себе. Оваа фотографија можеби не е со најдобар квалитет, но за мене има огромно значење. Секогаш ме потсетува дека пред да станеш Кристијано Роналдо на кого му се восхитува целиот свет, беше и засекогаш ќе останеш мој брат, моето мало момче. Те сакам и бескрајно сум горда на тебе“, напиша таа.