Рома против Јунајтед вечерва со третиот или четвртиот голман

Рома вечерва од 21:00 часот гостува кај Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, каде што ќе се обиде да стигне до победа, но тренерот Џан Пјеро Гасперини се соочува со сериозни проблеми пред овој натпревар.

жНајголемите главоболки за италијанскиот стратег се на голманската позиција. Првиот голман на Рома, Миле Свилар, не е во можност да настапи поради повреда која ја заработи пред неколку недели. Сега проблеми има и неговата замена, Пјерлуиџи Голини.

Италијанскиот голман има проблеми со грбот, па неизвесно е дали ќе биде подготвен да застане меѓу стативите.

Поради тоа, Гасперини би можел да биде принуден да избира меѓу преостанатите голмани во тимот. Најверојатно, на голот на Рома вечерва ќе застане третиот голман Девис Васкез или 19-годишниот младинец Џорџо Де Марци.