Седлоски со Чурлинов и Ѓорѓиевски, а без Миовски ќе ги нападне Шкотска и Словенија (ФОТО)
Првите двајца го пропуштија претходниот циклус од ЛН поради мала минутажа во Шкендија, односно административни проблеми во полскиот клуб за кој настапува, додека тетовци добија уште еден репрезентативец-дебитант. За Ѓорѓиевски ова е прв повик од селекторот, како награда за добрите игри во домашното првенство.
Меѓу повиканите, засега изненадувачки, е што го нема напаѓачот што игра во шкотското првенство. Тој беше на клупата на последниот меч на Ренџерс одигран во саботата, а доби мала минутажа на претходните две средби на овој тим. Во репрезентацијата се враќа и Бобан Николов по повредата на раката, како и Никола Серафимов и Стефан Деспотовски, додека останатите се очекувани имиња во кои Седлоски покажува најголема доверба откако седна на клупата на националниот тим.
